To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Локацијата на деловниот простор се наоѓа во најстрогиот центар на Битола, на ул.”Димитар Илиевски Мурато” бр.12, веднаш до хотелот “Белата Куќа” и на 40 метри од пешачката улица “Широк Сокак” пред хотел “Епинал”.
Деловниот простор се наоѓа во станбена зграда на втори кат за кој поседуваме уредна и чиста документација. Комплетно реновиран вклучувајќи ги електричките и водоводните инсталации.
Површината е 65м2 – распоредени со приеме хол, три поединечни канцеларии, тоалет, чајна кујна и две тераси (лоѓии кои се затворени со лизгачки стакла).
Просторот е опремен со комплетен канцелариски инвентар, располага со сопствено парно (регулација на температурата во секоја просторија поединечно) и три клима уреди.
Поставена е алуминиумска дограма, како и внатрешните врати се алуминиум со мат стакло. Има активен приклучок за оптички интернет, телефонија, видео надзор, алармен систем и противпожарни сензори (во секоја просторија).
Предност имаат сите кои се заинтересирани за подолг временски период.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.